Zip Sox компресивните чорапи се препорачуваат за лица кои се изложени на ризик од длабока венска тромбоза. Постојат повеќе фактори што можат да го зголемат ризикот од згрутчување на крвта во нозете. Компресивните чорапи исто така се носат и како превенција од пост-тромботски синдром, кој се манифестира со оток и болки во нозете. Се препорачуваат кај лица кои имаат проширени вени, венски улкус (рани од вените на нозете), отоци на ногата, како и за лица кои имаат проблеми со циркулацијата. Исто така компресивните чорапи се одлична превенција за сите кои подолг временски период седат или стојат, и покрај тоа што немаат здравствени проблеми. Со компресија на ткивото на нозете и ѕидовите на вените, компресивните чорапи помагаат крвта во вените да се врати во срцето, исто така може да ја подобрат и лимфната циркулација, со што се намалуваат отоците, со подобрување на циркулацијата се намалува уморот и отокот во нозете. Кај спортистите компресивните чорапи ги подобруваат перформансите и се одлична превенција од повреди.
Карактеристики:
- Чорапите се едноставни и лесни за облекување и удобни за носење
- Под облека не се примеќаат
- Патентот помага за лесна прилагодаливост на чорапите на секоја нога
- Делот кај прстите на чорапите е отворен
Достапен во две бои :
Црна и крем