Организер со закачалка

  • Попуст
  • 299.00 ден
  • Редовна цена 399.00 ден
Вклучен данок.


Искористете го просторот во својот дом максимално и на начин на кој ќе биде едноставен и практичен за секој еден член од семејството. Со овој висечки организер со закачалка ( две во едно) Ви нудиме практично решение за повеќе области и делови од домот.

Едноставен е и иновативен, многу лесно се вклопува во секоја соба и може да послужи за складирање на најразлични работи. Изработен е од метална конструкција, што дополнително го прави да биде поиздржлив на тежина и не лесно кршлив. Се поставува со закачување на било каква рамна површина.

Составен е од два дела:

- Голем дел за складирање изработен од метална транспарента мрежа преку која лесно ќе имате увид за работите кои сте ги складирале таму.

- Пет закачалки за складирање најразлични работи исто така изработени со цел да издржат поголема тежина без притоа да се скршат.

Организерот можете да го искористите за различни цели:

- Во Вашата бања за складирање на крпи и основните работи за лична хигиена.

-Во детска соба или спална со поставување на организерот на рачката од креветот за складирање на најосновните работи како далечински управувач, омилено списание или книга, телефон, таблет.

- Во кујна за складирање на намирници кои секојдневно се користат и треба секогаш да ви бидат при рака.

- Во канцеларија за документи.

- Во ходник или во соба за складирање на палтиња, клучеви, чадор, капи и сл.

Може да послужи дури и како алтернативна масичка за поставување на Вашето омилено кафе додека го пиете во кревет.

Погоден е за студенти и одлично се вклопува во студентските домови како дополнително место за складирање.

Димензии на организерот: 39x18,5x36x9cm